„Ова е филм кој вас ќе ве насмее до солзи, но и емотивно ќе ве допре“, се најавува од продукцијата на филмот „The Upside“ во кој главните улоги ги имаат Брајан Кренстон и Кевин Харт, како и оскаровската Никол Кидман.
Станува збор за пријателство кое никој не го очекуваше помеѓу милијардерот кој е параплегичар и некогашниот осуденик кој е најмен да му помогне. Кидман пак го глуми ликот на асистентка на Кренстон.
Трејлерот е дефинитивно забавен и многумина истакнуваат дека по бројните блесави комедии, ова е првиот филм каде ќе го видиме Кевин Харт во малку посериозен свет.
Филмот во кината ќе почне да се прикажува од 11. јануари 2019-та година.