сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Филмскиот фестивал ,,Џифони патува” во М.Каменица

Филмскиот фестивал ,,Џифони патува” во М.Каменица

Во организација на Културно-информативниот центар ,,Романса”, Македонска Каменица ќе биде домаќин на патувачкиот фестивал ,,Џифони патува”. Директорот на КИЦ ,,Романса” Гоце Стојановски информираше дека во рамки на настанот предвидени се повеќе активности со младите од М.Каменица.

-Најдобриот патувачки фестивал за деца и млади ,,Џифони патува” оваа среда и четврток (02.06 и 03.06.2022) ќе ги претстави своите активности во Домот на Културата

На фестивалот ќе се прикажуваат филмови за млади, а програмата ќе се збогати и со три работилници, рече Стојановски.

Во рамки на фестивалот со почеток од 10 часот предвидена е и театарска, фотографска и ликовната работилница на која како што додаде, младите од Македонска Каменица ќе можат да ја покажат својата креативност.

Џифони е фестивал кој постои повеќе од 50 години и е најпознат филмски фестивал за млади во светот кој се одржува близу Неапол во Салерно. Во организација на Џифони Македонија фестивалот своите активности во земјава ги реализира 10 година по ред.