недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

(Фото) Моника Белучи како фатална русокоса! За потребите на снимањето на новиот филм комплетно го променила својот изглед

(Фото) Моника Белучи како фатална русокоса! За потребите на снимањето на новиот филм комплетно го променила својот изглед

Актерката Моника Белучи го променила изгледот за снимањето на новиот филм.

Таа на својот Инстаграм профил објави дека глуми во филмот „The Girl in the Fountatin“ во режија на Ентонџулио Паници. Премиерно ќе биде прикажан на филмскиот фестивал Лумиер.

На фотографијата што ја објави, таа позира како русокоса.

„The Girl in the Fountatin“ зборува за животот на легендарната шведска актерка Анита Екберг. Покрај Белучи, во него глуми и Ерик Александер.

„Анита всушност беше позната уште пред да го сними филмот „La Dolce Vita“. После тоа се „спои“ со улогите што ѝ ги даде Федерико Фелини. Секогаш глумеше жени кои беа сексуализирани. Сакавме да покажеме дека Анита не можела да избега од оваа погрдна титула што ѝ ја даде Фелини“, изјавил Ентонџулио.