Според естетскиот хирург Јулиан де Силва, Британецот Даниел Крег е најгрдиот Џејмс Бонд.
Тој има топчест нос, тенки усни и широко лице! Според него, најубавиот Бонд е Шон Конери, чие лице дури во 89,2% се поклопува со совршенство.
Втор на листата за убавина е Роџер Мур, а на трето место е Тимоти Далтон.
-Даниел Крег помина најлошто поради топчестиот нос, тенките усни и широкото лице. Тој има мажествен изглед, но не се поклопува со идеите на Грците за убавина. Од друга страна Шон Конери со години е дефинитивно најубав Бонд, а сега тоа го потврди и тестот. Тој има убаво симетрично лице, вели естетскиот хирург Јулијан де Силва.
На четврто место се наоѓа Пирс Броснан.