Снимањето на филмот „Р’ѓа“ во кој глуми Алек Болдвин продолжи и покрај трагедијата што се случи на сетот.
Имено, во октомври 2021 година Болдвин ја уби својата колешка, кинематограферката Халина Хачинс, за време на снимањето на споменатиот филм.
Во тек беше пробна сцена од филмот, кога главниот актер во филмот пукаше од пиштол за кој се веруваше дека е реквизит и дека не содржел вистински куршуми. Меѓутоа, се утврди дека станува збор за вистински пиштол, а куршумот ја погоди и усмрти Халина Хачинс.
Во таа прилика повреден беше и режисерот Џоел Соуза.
Сега се појавија првите фотографии од снимањето на „Р’ѓа“ кое продолжи во четвртокот.
Пред неколку дена Алек Болдвин беше ослободен од сите обвиненија.
Снимањето продолжило во Монтана.