По премиерата на филмот „Време за среќа“, турскиот актер Бариш Ардуч најпосле има време за себе, па и време за својата сакана.
Имено, неговата свршеница, актерката Гупсе Озај сега е на ред да го промовира продолжението на серијата „Делиха 2“ кое деновиве беше објавено во Турција.
Како што е редот, на премиерата се појавија доста обожаватели на комедијата и ликот на Озај, а меѓу присутните се појави и Бариш, па целосто внимание наместо кон Гупсе, се насочи кон него.
Социјалните мрежи се полни со фотографии од случувањето, а Бариш како и секогаш – убав, згоден, дотеран, маркантен и едноставно неодолив.
Инаку, во првиот дел на серијата „Делиха“, Гупсе и Бариш играа заедно, но сега за второто продолжение на негово место дојде друг колега бидејќи тој мораше да го снима „Време за среќа“ со Елчин Сангу или попозната како Дефне.