Доаѓањето на нови шефови во „DC Films“ носи нови промени. Актерот во средата на Инстаграм откри дека дошло до уште една
Британскиот актер Хенри Кавил потврди дека повеќе нема да го облече оделото на Супермен. Веста дека Кавил не се враќа во улогата на Човекот од челик доаѓа само неколку дена откако „Wonder Woman 3“, со Гал Гадот во главната улога, исто така беше откажан поради големите промени во „Warner Bros, DC Films“, пишува „Daily Mail“.
Инаку, Кавил неодамна се појави како Супермен на крајот на „Black Adam“, задевајќи ја пресметката помеѓу Супермен и Црниот Адам на Двејн Џонсон… Ова беше само неколку дена пред Џејмс Ган и Питер Сафран да бидат назначени за нови шефови на „DC Films“.
Ѕвездата тогаш се огласи на Инстаграм и рече дека ќе се врати на улогата која му донесе голема популарност во 2013 и 2016 година, кога беа објавени „Човекот од челик“ и „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“.
Но сега објави нова вест на Инстаграм.
– Само што имав средба со Џејмс Ган и Питер Сафран и тоа се тажни вести. На крајот на краиштата, нема да се вратам како Супермен. Откако студиото ми кажа да го објавам мојот камбек во октомври, оваа вест не е најлесна, но таков е животот. Промената е нешто што се случува. Јас го почитувам тоа. Џејмс и Петар треба да изградат универзум. Ним и на сите вклучени во новиот универзум им посакувам се најдобро и со среќа – изјави Кавил.