вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Илајџа Вуд ја прокоментира веста дека се снимаат уште филмови од серијалот „Господарот на прстените“

Илајџа Вуд ја прокоментира веста дека се снимаат уште филмови од серијалот „Господарот на прстените“

Вуд, кој го толкуваше Фродо Бегинс во тие три дела, даде свое мислење.

Актерот Илајџа Вуд ги сподели своите размислувања за неодамнешната вест дека во подготовка се уште филмови за серијалот „Господарот на прстените“.

Уште во февруари беше објавено дека „Warner Bros“ и „New Line Cinema“ потпишале договор за снимање на неколку нови филмови базирани на книгите на Џ.Р.Р.Толкин.

Филмовите ќе се развиваат преку „New Line Cinema“, која ја продуцираше оригиналната трилогија на Питер Џексон помеѓу 2001 и 2003 година.

Вуд, кој го толкуваше Фродо Бегинс во тие три дела, ги кажа своите размислувања за плановите „Господарот на прстените“ да се врати на големото платно за време на неодамнешното интервју за „GQ“.

“Фасциниран сум и возбуден. Се надевам дека е добро. Изненаден сум – не знам зошто сум изненаден бидејќи секако дека би имало повеќе филмови”, рекол актерот, пренесува „NME“.

Извршниот директор на „Ворнер Брос Дискавери“, Дејвид Заслав, претходно зборуваше за неговата желба да создаде нова содржина заснована на популарни франшизи во сопственост на студиото, вклучувајќи ги „Хари Потер“ и „Господарот на прстените“.