Филмот „Паразит” на јужнокорејскиот режисер Бонг Џон Хоа ја освои Златната палма на филмскиот фестивал во Кан.
Наградата Гран е за филмот „Атлантис”, на француско-сенегалската режисерка Мати Диоп. Таа е првата жена од африканско потекло, која се најде во натпреварот за остварувања во Кан.
Наградата за најдобар актер му припадна на Антонио Бандерас за улогата во филмот „Бол и слава” на Педро Алмодовар, додека за најдобра актерка е прогалсена Емили Бичем за улогата во филмот „Малиот Џо”.
Белгијците, браќата Жан-Пјер и Лук Дарден, ја освоија наградата за најдобра режија за филмот „Младиот Ахмед”. (МИА)