сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

“Како ја запознав мајка ви”: Актерот ја потврди контроверзната теорија за популарната серија

“Како ја запознав мајка ви”: Актерот ја потврди контроверзната теорија за популарната серија

Пред речиси четири години беше емитувано финалето на хит серијата “Како ја запознав мајка ви” (How I Met Your Mother) во која Тед Мозби им раскажува на своите деца како ја запознал нивната мајка.

Серијата ја следеше животната приказна на Тед и неговите најдобри пријатели – Робин, Барни, Лили и Маршал, но она што многумина обожаватели на серијата се прашуваат е: Колку можеме да му веруваме на Тед? Една од овие теории е во врска со претставувањето на Барни Стинсон како женкар и честопати лош човек.

-Оној момент кога ќе сфатиш дека Барни Стинсон веројатно не е толкав кретен или женкар како што е прикажан, туку дека приказната е раскажана од страна на Тед кој пробува да добие одобрување од неговите деца поради тоа што повторно бил заедно со Робин, па Тед од иднината морал да направи мажот за кој Робин се венчала да биде негативец во целата приказна, напишал еден обожавател пред една година, а сега актерот Нил Патрик Харис делумно ја потврдил оваа теорија.

“Мислам дека тоа е прилично точно. Поради целата структура на приказната и поради тоа што Тед им раскажува на своите деца, сè е подложено на преувеличување”, истакнал Харис во разговор за “Digital Spy”.

Нил Патрик навел и пример во кој го потврдува тоа – во петтата сезона од серијата, Тед признава дека ја преувеличувал ситуацијата во која Барни и Робин се наоѓале во текот на периодот кога врската им стагнирала.

-Постоеја некои луди работи, како кога Барни и Робин почнаа да се забавуваат и во еден момент си здодеаја еден на друг. Во таа епизода, Барни се здебели 35 килограми, а Робин ја изгуби својата коса! Така што, да, перцепцијата на Тед за ликовите е малку “лабава”, изјавил актерот.