понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Кемал од Карасевда минува низ многу тешки денови од животот (ФОТО)

Кемал од Карасевда минува низ многу тешки денови од животот (ФОТО)

Турскиот актер Бурак Озџивит минува низ многу тешки денови во својот живот.

Имено, тој е загрижен за здравјето на својот татко кој не е во добра здравствена состојба.

Таткото на турскиот убавец неодамна беше опериран, а од зафатот е избегнат мозочен удар и му е спасен животот.

Бурак оттогаш секој момент го минува заедно со семејството и татка си.

Здравствената состојба на татко му многу го загрижува, иако лекарите го уверуваат дека се ќе биде во ред.

Сепак, семејството е силно и се држи еден до друг, па покрај Бурак постојано се неговата мајка и сопругата Фахрие.