сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Кевин Спејси се враќа на филмското платно

Кевин Спејси се враќа на филмското платно

Оскаровецот Кевин Спејси се враќа на филмското платно со нова улога, во филмот „Billionaire Boys Club”, и ова е негова прва улога по обвинувањата за сексуално вознемирување минатата година.

Филмот е снимен пред скандалот, а во кината ќе почне да се прикажува во август.

– Се надеваме дека обвинувањата кои се однесуваат на поведението на еден од глумците, а кои не беа јавно познати кога филмот беше снимен, нема да му пречат на овој проект. Одлуката за пуштање на филмот, не беше нималку лесна, соопштуваат дистрибутерите.

Се работи за вистинита приказна од 1980-те, за неколкумина млади кои организирале клуб преку кој, преку систем на измами, требало брзо да се збогатат. Спејси го глуми ликот на Рон Левин, измамник, инаку и хомосексуалец, кој е убиен откако се обидел да измами неколку криминалци. Телото на Левин никогаш не било пронајдено, па некои сметаат дека тој можеби се уште е жив.

Инаку, Спејси лани, правдајќи се по обвинувањата, призна дека и самиот во овој дел од животот е хомосексуалец.

Режисер на филмот е Џејмс Кокс, а покрај Спејси, во филмот глумат и Ема Робертс, Суки Вотерхаус, Ансел Елгорт, Тарон Егертон.