вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Ќе направат сѐ за лајкови: Разголени манекенки позираат во Чернобил, авторот на серијата удри по нив! (ФОТО)

Ќе направат сѐ за лајкови: Разголени манекенки позираат во Чернобил, авторот на серијата удри по нив! (ФОТО)

Големата популарност на серијата „Чернобил“ повторно фрли светло на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата. Голем број туристи почнаа да го посетуваат местото, а помеѓу нив се најдоа и неколку полуголи манекенки кои позираа во околината на Чернобил.

Ним радијацијата не им била пречка за да направат такви фотографии.

Еден од моделите, Јулија Баслер го посетила Чернобил неколку пати, но тоа го правела и пред серијата да биде популарна. Во една прилика направила неколку фотографии од таму, но подоцна ги избришала бидејќи добила жестоки коментари дека „ќе направи се за лајкови“.

Авторот на популарната ТВ-серија „Чернобил“ пак, јавно реагираше на несоодветните фотографии што туристите ги објавуваат на социјалните мрежи од посетата на напуштената област во Украина.

-Прекрасно е што серијата „Чернобил“ предизвика голем туристички бран во оваа зона. Да, ги видов фотографиите насекаде. И затоа сакам да порачам- ако го посетите местото, запомнете дека таму се случи ужасна трагедија. Прифатете го тоа и имајте малку почит кон оние кои настрадаа и беа жртви, напиша Крег Мазин на Твитер.