петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Книгата за „Пријатели“ открива: Холивуд немал милост кон Анистон, ѝ зборувале дека е предебела

Книгата за „Пријатели“ открива: Холивуд немал милост кон Анистон, ѝ зборувале дека е предебела

По повод 25 години од првото емитување на сега култната серија „Пријатели“, Саул Астерлиц, напиша книга за актерите од серијата во која открива за она што се случува додека траело снимањето.

Книгата открива бројни непознати детали за серијата и што се случувало позади камерите, а Саул пишува и дека Џенифер Анистон, која ја играше улогата на Рејчел Грин, пред снимањето на „Пријатели“ имала сурови критики на сметка на нејзиниот изглед. Немилосрдниот Холивуд сметал дека Џенифер е дебела, па затоа нејзината агентка ја советувала итно да ослабне.

-Мораше да ослабне 13 килограми за да опстане во Холивуд. Лос Анџелес е тешко место за живеење за една млада актерка, тешко е да си жена на вакво место. Џенифер не беше дебела и сите ја гледаа нејзината убавина, но се виде и дека камерата додава килограми. Ѝ зборуваа дека е предебела за да добива добри улоги. „Големи ѕверки“ бараа од неа да симне барем 10 килограми. Сакаа на аудициите да носи боди, наведува авторот на книгата.