вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Кој ќе ја преземе улогата на најпознтиот таен агент?

Кој ќе ја преземе улогата на најпознтиот таен агент?

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд? Тоа е прашањето кое ги „мачи“ многубројните филмофили и обожаватели на британскиот таен агент 007.

Во октомври ќе се наврши една година откако Даниел Крејг се прости од оваа престижна улога, откако го играше Џејмс Бонд во пет филмови во изминатите 15 години.

Продуцентката Барбара Броколи неодамна призна дека работат на повторно измислување на ликот на Бонд и дека сè уште се во потрага по совршениот актер.

Според гласините што кружат, се чини дека новиот 007 ќе биде многу помлад од Даниел Крејг (54), и дека ќе биде „трениран“ барем за следните три филма од франшизата. Многумина веруваат дека новиот Џејмс Бонд нема да биде постар од 40 години.

Бидејќи меѓу фаворитите за улогата се многу познати британски актери како Том Харди (44), Идрис Елба (49), Силијан Марфи (46) и Хенри Кавил (39) и Реге-Жан Пејџ (34), но веројатно некои од нив ќе се откажат по оваа информација.

На пример, Идрис Елба за неколку недели ќе наполни 50 години, а самиот актер призна дека е премногу стар за новиот Бонд.

„Јас сум најпознатиот Бонд кој никогаш не го глумел Бонд“, се пошегува во една прилика Елба.

Сепак, последните информации на преден план го ставаат актерот кој не беше меѓу фаворитите за новата улога на тајниот агент 007.

„The Today Show“ наголемо пишува дека улогата на фаворит ја презел Том Холанд, но прашање е дали 26-годишниот актер оделото на Спајдермен ќе го замени со Бонд смокинг. Откако Елба беше надвор од трката, а Силијан Марфи беше блиску зад него, обложувалниците веднаш го ставија Холанд на врвот заедно со Реџе-Жан Пејџ и Том Харди.

Холанд секако би донел промена во изгледот и карактерот на Џејмс Бонд, млад човек кој уште не наполнил 30 години би бил „инвестиција за иднината“. Холанд неодамна откри дека е огромен обожавател на Џејмс Бонд и дека обожавал да го гледа Даниел Крејг во улогата.

Тој дури во една прилика предложил сценарио за следниот филм.

„Би било возбудливо да се види приказната за тоа како Џејмс Бонд всушност станал Џејмс Бонд. Еве, сега нафрлив идеја за следниот филм, што можеби е малку глупаво“, изјави Холанд.

Одлуката за новиот Џејмс Бонд нема да биде објавена до следната година, а новиот филм за тајниот агент 007, веројатно сосема поинаков од она што сме навикнати да го гледаме, не треба да се очекува пред 2025 година.