петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Крај за „Х Фактор“, шоуто престанува со снимање по 17 години

Крај за „Х Фактор“, шоуто престанува со снимање по 17 години

Сајмон Кауел во 2018 година го паузираше снимањето на популарното шоу „Х Фактор“ на пет години поради зачестеност, но извори тврдат дека е малку веројатно дека шоуто ќе се врати на малите екрани.

Кауел го лансираше шоуто во 2004 година, а последната сезона се прикажуваше во 2018 година.

Форматот и натаму е успешен во цел свет, но Сајмон смета дека британската верзија стана помалку зачестена и досадна.

Според пишувањето на Дејли Мејл, Кауел наводно одлучил да го одложи прикажувањето на пет години, но други извори тврдат дека најверојатно шоуто нема да се врати.

Во последната сезона на британски „Х Фактор“ членови на жирито беа Сајмон Кауел, Луи Томлинсон, Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд.