Квартот на Лос Анџелес кој своевремено служеше како кулиса за филмовите од франшизата „Брзи и бесни“ во петокот беше сцена на протести против снимањето на продолжувањето на автомобилистичката сага, со појаснување на учесниците кои тврдат дека тамошните улици од тогаш трпат „епидемија“ на нелегални градски трки.
Жителите го изразуваат својот гнев пред почетокот на снимањето, закажано за овој викенд во Анџелино Хајтс, историски кварт близу центарот на Лос Анџелес. Во сагата „Брзи и бесни“, станува збор за имагинарна населба во која живее Доминк Торето, кого го игра американскиот актер Вин Дизел.
Демонстрантите велат дека станува збор за нелегални трки во текот на коишто, најчесто ноќе, таму се собираат бројни заинтересиран за да ги видат возачите на автомобили кои со големи брзини се тркаа по улиците на градот.
За Демиен Кевит, локален жител и основач на здружението SAFE, кој жестоко се противи на трките, „Брзи и бесни“ придонеле за „популарната за таквите нелегални активности“ претворајќи го квартот Анџелинo Хајтс во „туристичка дестинација за нелегалните улични трки“.
„Во петок, сабота и недела навечер тука доаѓаат по три, четири, пет или повеќе од шест автомобилисти кои изведуваат секакви маневри со своите автомобили, неподносливо притоа чкрипејќи со гумите“, вело Кевит и додаде дека „во соседството немаше улични трки пред таму да бидат снимени ‘Брзи и бесни’“.
Според жителите, нивните деца се истрауматизирани поради буките од автомобилите пред нивните домови кои редовно ги будат среде ноќ. Велат, исто така, дека на децата им е страв да излегуваат надвор, бидејќи неколкупати виделе дека залетаните автомобили за влакно избегнале да удрат во пешаци.
Жителите, и поради жртвите на ваквите улични трки, сметаат дека „Universal Studios“ треба да го преместат местото на снимање, а здружението SAFE бара градските власти да постават ткн „лежечки полицајци“ и да воспостават нулта толеранција за уличните трки.
Првиот филм од сагата „Брзи и бесни“ ја имаше премиерата во 2001 година. Филмот прерасна во серијал со најголемата заработка во историјата, со дури 6,6 милијарди долари за десетте снимени досега филмови. Премиерата на единаесеттото продолжение под наслов „Брзи и бесни 10“ најавена е за мај следната 2023 година.