среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Лила се раздели од банкарот и „Се или нешто“, ова е нејзиниот нов ТВ ангажман (ВИДЕО)

Лила се раздели од банкарот и „Се или нешто“, ова е нејзиниот нов ТВ ангажман (ВИДЕО)

Пандемијата со коронавирусот го измести светот од колосек, а ситуацијата како да не гледа светло низ тунелот.

Загубата е колективна, работата долго стагнира и не е ни слична на онаа во нормални услови.

И ТВ водителката Лила Филиповска, која најдобро ја знаете како водител на популарниот квиз на телевизија Сител, „Се или нешто“,претрпе промени, пред се професионални. Квизот „Се или нешто “ не се снима веќе неколку месеци, но таа има нов ангажман во телевизијата каде работи години наназад.

Овој пат наместо снимањата на квизот, Лила ја си „вади“ платата од емисијата „Утрински приказни со Лила. Оние што ја гледале утринската на Сител, сигурно ја виделе и Лила, која не ни теба да споменме дека е водителски махер во било каков формат.

За свои гости има различлни профили, а меѓу последните и беше менаџерот на ресторани Борис Сидоски. Тој има работено како асисетен на Опра Винфри, а Лила успеа да го извлече најинтересното од него.

Во новата емисја „Утрински приказни со Лила“, досега гостувале најразлични гости, а Лила е одлична домаќинка. Дококу имате можност и сте меѓу ранобудните, погледнате и кого се ‘ Лила ќе има карши себе за муабет.

vistina.mk