петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Лоша вест за обожавателите: Следната сезона од „Игра на престолот“ ќе биде последна, еве кога ќе излезе

Во официјалното соопштение се наведува дека последната, осма сезона, ќе има шест епизоди но датумот на официјалното емитување се уште не е објавен.
Лоша вест за обожавателите: Следната сезона од „Игра на престолот“ ќе биде последна, еве кога ќе излезе

Обожавателите на серијата „Игра на престолот“ ќе мора да чекаат до 2019 година за да ја погледнат последната сезона и да дознаат како ќе заврши хит серијата снимана по книгите на Џорџ Р.Р. Мартин, потврди HBO.

Во официјалното соопштение се наведува дека последната, осма сезона, ќе има шест епизоди но датумот на официјалното емитување се уште не е објавен.

Серијата се до шестата сезона својата премиера ја имаше на пролет, но на барање на продукцијата 7-мата сезона се емитуваше на лето.

Последната сезона, според официјални податоци, ја гледале рекордни 16,5 милиони гледачи. Ако на овој број се додадат и оние кои серијата ја гледале преку илегални канали или дополнително како репризи се доаѓа до импозантна бројка од 30 милиони гледачи.

Интересен е фактот дека бројот на обожаватели се зголемувал со секоја сезона.

Снимањето на осмата сезона започна во ноември, а се очекува да трае до средината на 2018 година. Од HBO излегле информации дека може да бидат снимани различни краеви на серијата, за гледачите да не можат пред време да го дознаат спектакуларниот крај кој се најавува.