Популарната старлета и риалити ѕвезда Сенада Нуркиќ, попозната како Маца – Дискреција, реши да ја испроба својата среќа во филмската индустрија за возрасни.
Маца веќе има и подготвен материјал за аудиција, а вели дека нејзиното момчето ја поддржува во оваа намера.
„Планирам наскоро да го продадам моето видео од интимниот однос… Имам неколку такви во мојот телефон, а за тоа добив дозвола и од моето момче. Нему тоа не му пречи, тој е возбуден што другите мажи се задоволни кога ќе ме гледаат“ – изјави Маца за босанските и српските портали.
Покрај ова, Маца – Дискреција планира да започне и друг бизнис.
„Наскоро ќе започнам со сопствен бренд, тоа ќе биде производ за мажи и за понекоја жена. Планирам да направам сериозна работа, и засега можам само да откриам дека тоа е нешто што ќе ја исполни имагинацијата и еротските сништа на сите луѓе – вели Маца, која веќе извесно време заработува пари од профилот на страницата „OnlyFans“.
„Заработив 1000 долари по само два дена работа на страницата „OnlyFans“, а не можеш да заработиш од оваа работа, ако не инвестираш во себе“ – вели слободоумната старлета.