четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Македонската актерка Ана Стојановска на СФФ шармирала со својот изглед: Аутфитот со разголен стомак привлекол многу внимание

Македонската актерка Ана Стојановска на СФФ шармирала со својот изглед: Аутфитот со разголен стомак привлекол многу внимание

Македонската актерка Ана Стојановска се појави на Сараевскиот филмски фестивал во креација која го открива нејзиниот стомак. Таа со својот сензуален изглед ги привлекла погледите на присутните.

Стојановска се одлучила за едностноставна шминка и навистина интересен спој на модни парчиња. Креацијата која ја носела на црвениот тепих е многу едноставна, но воедно и многу несекојдневна. Изгледот го комплетирала со накит и апостолки.

Таа на црвениот тепих пристигнала со колегите со кои го сними филмот „Кајмак“.

Покрај неа, во споменатиот филм играат и Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска и Филип Трајковиќ. Режијата е на Милчо Манчевски.

Стојановска е позната и по улогите во филмовите „Преродба: глас на тишината“, „Инсајдер“, „Ефектот на среќата“, „Сон за крв и душа“ итн.

Фото: Klix.ba