четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Малку познати детали од животот на славниот актер: Негативецот од Титаник е од балканско потекло, а еве како навистина се презива

Малку познати детали од животот на славниот актер: Негативецот од Титаник е од балканско потекло, а еве како навистина се презива

Били Зејн (55), кој беше прославен по улогата на негативец во популарниот филм „Титаник“, кој имаше мисија да се ожени со убавата Роуз (Кејт Винслет) и со тоа да ја оддели од Џек (Леонардо ди Каприо).

По „Титаник“, актерот никогаш не снимил филм кој постигнал таков успех, и не само што неговата кариера стагнирала, туку имиџот е далеку од заводлив.

Сепак, многумина не знаат дека овој актер е всушност од балканско потекло. Имено, Били Зејн е роден во семејство на имигранти од Грција. И мајка му и татко му потекнуваат од таму, а неговото вистинско презиме е Занетакос.

Но, откако се преселиле во Америка, неговите родители го сменија презимето во Зејн – што е добро познато американско презиме. Тие се одлучија на тој потег со цел побрзо да се прилагодат на животот во Чикаго, каде што порасна актерот.