четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Марвел најави 10 филмови, овој актер ќе биде новиот Блејд

Марвел најави 10 филмови, овој актер ќе биде новиот Блејд

Американското филмско студио Марвел најави 10 нови филмови.

На годишната конференција посветена на стрипот Комик-Кон, директорот на компанијата, опкружен со голем број холивудски ѕвезди ја објави оваа вест.

Едно од најголемите изненадувања е дека оскаровецот Махершала Али ќе го игра ловецот на вампири, Блејд, лик кој во филмот од 1998 година го играше Весли Снајпс.

Натали Портман потврди дека ќе се врати во четвртото продолжение од филмот “Thor: Love and Thunder”.

Најавен е и филм „The Eternals“ во кој ќе играат Анџелина Џоли и Селма Хајек. На публиката и е откриено и дека ќе се снима прв филм за азиско-американскиот суперхерој Шанг-Чи.

По неколкумесечни шпекулации, Марвел конечно објави мали детали околу исчекуваниот „Црва вдовица“ со Скарлет Јохансон како Наташа Романо. Филмот се снима веќе 30 дена, а во трејлерот се откриени првите сцени од Будимпешта.