понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Наскоро на ТВ: Нов забавен „Магазин“ во македонскиот етер (ВИДЕО)

Наскоро на ТВ: Нов забавен „Магазин“ во македонскиот етер (ВИДЕО)

Во сивото секојдневие исполнето со лоши статистики, грижи, криза, политика, конечно нешто ново и забавно во македонскиот етер.

Наскоро на телевизија Сител ќе започне со емитување дневната емисија „Магазин“.

Веќе познатите тв-лица, Јана Серафимова и Јелена Богојевиќ, ќе се потрудат да го задржат вниманието на гледачите 50 минути, нудејќи содржини кои ќе откријат како живеат славните, од што се плашат, на што се радуваат, како одговараат на прашања што досега никој не им ги поставил.

Ќе ја имаат помошта и од колегите Сања Димитровска и Александар Динев, кои ќе разговараат со медицински лица на тема здравје и здрави навики.

Интересни животни приказни од цела Македонија, анкети, но и игри со граѓаните на улица, забавни одговори на незгодни прашања, како и награди се само дел од она што тимот на оваа емисија го најавува, а ќе се емитува секој работен ден, со почеток од 10 часот.

Официјалниот датум се’ уште не е соопштен, но се радуваме што после долго време ќе има забавна емисија во домашна продукција и останува да видиме дали навистина ќе биде „отворено, искрено и без предрасуди“ како што ветуваат.