вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Неговата приказна ќе ве наежи: Ѕвездата од серијата „Чернобил“ со потресна исповест- член од семејството ми почина поради катастрофата

Неговата приказна ќе ве наежи: Ѕвездата од серијата „Чернобил“ со потресна исповест- член од семејството ми почина поради катастрофата

Актерот Алекс Фернс кој овие денови е популарен лик од серијата „Чернобил“ кој глуми работник за ископување на јаглен тврди дека има вистински трауми од трагедијата која се случила токму во тој град.

Имено тој и неговото семејство се убедени дека неговиот вујко починал од рак како последица од отровен дожд која го предизвикала нуклеарната катастрофа.

Роберт Степхенсон починал во 2004-та година на свој 47 години, а семејството открило и било убедено дека неговата болест била предизвикана од катастрофата во Чернобил.

-Чернобил има тажна приказна, особено за мене. Мојот вујко Роберт работел за шкотскиот водовод, а кога се случила катастрофата во Чернобил, отровниот дожд паѓал и во Шкотска, мојот вујко и колегите работеле на отворено и кога започнало да врне сакале да се засолнат, но шефот им забранил, раскажува актерот.

Тој додаде и дека никој од неговите колеги не го дочекал 50-от роденден.

-Ниту еден од тие не наполни 50 години, сите умреа од рак. Мислам дека тоа е е*ана трагедија, тоа покажува дека последиците од Чернобил биле повеќе од очекуваните во серијата. За мене особено, секако дека не можеме да бидеме сто проценти сигурни, дека добил рак од таа катастрофа, но моето семејство е сигурно во тоа, заклучи тој.