недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Нема промена на врвот: Скарлет Јохансон и годинава е најплатена актерка

Нема промена на врвот: Скарлет Јохансон и годинава е најплатена актерка

На листата на Форбс за најплатени актерки втора година по ред е убавата блондинка , Скарлет Јохансон.

34- годишната актерка , најпозната по улогата во филмот со најголема заработувачка во историјата ,,Одмназници-Завршница” , заработила 56 милиони долари од јули 2018 до јули годинава.

Ѕвездата на серијата ,,Современо семејство” ; Софија Вергара е на второ место со заработени 44,1 милиони долари , додека Рис Витерспун , продуцентка и актерка во серијата ,,Големи,мали лаги” e трета со заработувачка од 35 милиони.

Елизабет Мос , која глуми во серијата ,,Приказната на слугинката” и австралиската актерка Маргот Роби за прв пат се најдоа на оваа листа , при што првата заработила 24 , а втората 23,5 милиони долари.

Никол Кидман , Џенифер Анистон , Кејли Кјуко, Шарлиз Терон и Елен Помпео се меѓу десетте најплатени актерки бна листата на Форбс за годинава.