Милјана Кулиќ ги шокираше сите синоќа, кога ја избричи главата во „Задруга 4“. Не станува збор за обична одлука да ја смени фризурата, туку за нервно растројство.
Оваа ѕвезда на реалното шоу и досега покажала дека има психички проблеми, но овој пат отиде чекор подалеку.
Прво косата ја шишаше сама, а потоа обезбедувањето ја изнесе од имотот на Пинк. Но, по кусо време таа се врати и една од цимерките со машинка за шишање ја израмни штетата.
Милјана прво се смееше и ги убедуваше сите дека ова е добра промена за неа, но подоцна “пукна“ и многу се каеше.
Коментарите од фановите на „Задруга“ се дека оваа девојка, која е мајка на малиот Жељко, мора да оди на лечење бидејќи навистина писхички не е добро.