понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Нов удар за Вил Смит: Нетфликс и Сони ги одложуваат проектите во кои тој учествува

Нов удар за Вил Смит: Нетфликс и Сони ги одложуваат проектите во кои тој учествува

Дел од претстојните проекти на актерот Вил Смит се паузирани по скандалот на Оскарите, пренесува The Hollywood Reporter.

По неговото отстапување од Американската филмска академија, објавено е дека идните проекти на кои требало да работи за Нетфликс и Сони се одложени.

Нетфликс беше во постапка за пронаоѓање на режисер за филмот „Fast and Loose“, откако Дејвид Лич се повлече од проектот пред доделувањето на Оскарите. Смит требаше да го глуми шеф на мафија кој има проблеми со помнењето.

Меѓутоа, набрзо по нападот врз Крис Рок, планот е сменет. Сони исто така го забавува снимањето на „Bad Boys 4“.