четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Новата серија ја надмина популарноста на „Игра на тронови“ (ВИДЕО)

Новата серија ја надмина популарноста на „Игра на тронови“ (ВИДЕО)

Новата серија на ХБО, „Чернобил“ веќе ја прогласуваат за една од најдобрите серии за годинава, а по само три епизоди (од вкупно пет), на ИМДБ веќе има подобри оценки и од светски популарните „Игра на престоли“ и „На лош пат“.

Оцената изнесува 9,6 од 10, а серијата ги одушевува и критиката и публиката. Приказната е околу тоа како дошло до хаваријата во нуклеарната централа Чернобил во поранешна Советска Украина, ноќта на 25 кон 26 април 1986 година, како и последиците, но и заташкувањата што се случиле потоа.

-„Чернобил“ е еб*но ремек-дело. Ако не сте почнале да го гледате, морате, верувајте ми, „Чернобил“ е една од најстрашните серии кога било снимени, а сè тоа навистина се случило“ – се само дел од коментарите.

Чернобилската катастрофа е една од најголемите за кои е заслужен човекот. Погодени беа повеќе од 3,5 милиони луѓе, а 50.000 квадратни километри земја биле контаминирани.

Фактот што приказната е вистинита, се чини, е одговорен за високата гледаност и пофалбите. (МИА)