вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Новиот филм на Џеј Ло ги руши сите рекорди: Најгледан е на Нетфликс во првиот викенд од прикажувањето

Новиот филм на Џеј Ло ги руши сите рекорди: Најгледан е на Нетфликс во првиот викенд од прикажувањето

Новиот акционен филм на Нетфликс „Мајката“ со Џенифер Лопез во главната улога ги урива сите рекорди и стана најгледаната продукција на стриминг платформата во првиот викенд од прикажувањето.

Акциониот трилер имаше 83,71 милиони часови гледаност во периодот од 8 до 14 мај и беше број еден во 82 земји со скоро 43 милиони прегледи. Нетфликс ги пресметува прегледите со делење на вкупниот број на гледани часови со вкупното времетраење, што е 1,96 часа.

Филмот беше премиерно прикажан на стриминг сервисот на 12 мај. Акциониот трилер, кој следи вешт убиец кој се обидува да ја заштити нејзината ќерка, го режираше Ники Каро.

Исто така, „The Mother“ го зазеде првото место во категоријата англиски филм на овонеделната листа, а на второто и третото место следат „A Man Called Otto“ и „The Croods“.

Интересно е што филмот стана најгледан уште на првиот ден од прикажувањето. Заедно со Лопез, во филмот глумат Луси Паез и Омари Хардвик, кои ја играат нејзината ќерка и агент на ФБИ.