Во секоја нова сезона на хумористичниот ТВ серијал „Преспав“ гледачите се запознаваат со некој нов лик. Во некои од новите епизоди од годинештото продолжение на македонската телевизиски ситком, кои се емитуваат на 11.01 и 12.01. 2022 година како придружничка на ликот што го толкува актерот Зоран Љутков се појавува една млада згодна, атрактивна и сексапилна, заводлива дама.
Нов лик за многумина, но не и за оние кои го следат театарот, особено во Битола, како и епизодите на познатиот серијал „Празни муабети“.
Ангела Апостоловска е 24-годишна битолчанка која студирала на Универзитетот за Актерство во Букурешт, Романија, каде за време на нејзините петгодишни студии, работела на разни проекти со поголеми или помали продукции, а оваа година ќе и биде врачена и титулата магистер во одделот на театарот и актерството.
Актерството и е во крвта, во гените уште од дете, кога на најблиските во домот, практикувала да им прави шоу…
„Како да бев излезена од некое кабаре. Менував разни костими, пеев, рецитирав, глумев…“ – се сеќава Ангела.
Како средношколка станува член на битолскиот театар „Дел Арте“, а по матурирањето на 18 години, заминува за Романија и ги започнува актерските студии на Букурешката академија, каде и дипломира, а подоцна ќе се закитив и со титулата магистер.
Пред појавата во „Преспав“, Ангела како што вели, зад себе оставила три бесконечно вредни награди за најдобра глумица, десетици одиграни претстави низ Романија и нешто повеќе во Македонија.
Потоа во еден документарен филм за македонските Власи во кој се појавува како наратор, режисер и продуцент, како и разно разни реклами и серии.
За улогата во „Преспав“, атрактивната битолчанка вели дека во вакво издание сигурно досега не ја виделе. Предизвик и провокација било за неа да игра нешто контрасно од самата себе.
А дека улогата на згодна, заводлива, атрактивна и сексапилна дама со раскошни телесни пропорции и провокативен аутфит, која предизвикува и мами копнежи дури и во хумористична серија, е улога која и тоа како и прилега.