Дизни работи на „полна пареа“, а сега објавија дека во кината доаѓа филмот „Петар Пан и Венди“, римејк на легендарниот цртан филм од 1953 година. Како што е најавено, ќе излезе на платформата Disney Plus на 28 април.
Филмот „Петар Пан и Венди“ ја претставува Венди Дарлинг, млада девојка која се плаши да го напушти домот од детството, која го запознава Петар Пан, момче кое одбива да порасне. Заедно со нејзините браќа и малата самовила, Тинкербел, таа патува со Петар во магичниот свет на Недојдија. Таму го запознава капетанот на пиратите, капетанот Кук, и се впушта во возбудлива и опасна авантура која засекогаш ќе ѝ го промени животот.
Главните улоги ги толкуваат Џуд Ло, Александар Молони, Евер Андерсон, Јара Шадиди и многу други.
Погледнете го трејлерот: