сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Одлична вест за фановите на Сталоне: Преку серија ќе добиете “место“ на масата во едно од најпознатите семејства во Холивуд

Одлична вест за фановите на Сталоне: Преку серија ќе добиете “место“ на масата во едно од најпознатите семејства во Холивуд

Американскиот актер Силвестер Сталоне и неговото семејство ќе учествуваат во реалното шоу, односно серијата „Семејството Сталоне“, која ќе почне да се прикажува оваа пролет.

Информацијата ја објави компанијата Парамаунт плус.

-Откако играше некои од најлегендарните ликови во филмската историја, трикратниот номиниран за Оскар, Сталоне е подготвен да им овозможи на камерите пристап до улогата што ја смета за најважна во неговиот живот: татко, се вели во соопштението.

Како што е најавено, осумделниот „Семејство Сталоне“ му дава на гледачот „место на масата во едно од најпознатите семејства во Холивуд“, кое го сочинуваат актерот, неговата сопруга Џенифер Флавин и ќерките Софија, Систин и Скарлет Сталоне.