петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Одлична вест за оние кои го сакаат „Кралот Лав“

Одлична вест за оние кои го сакаат „Кралот Лав“

Компанијата „Дизни“ соопшти дека ќе се снима продолжение на цртаниот филм „Кралот Лав“ во 3Д техника во режија на искусниот и проверен Бари Џенкинс, режисерот на хитот „Месечина“.

„Кралот Лав“ кој се појави во 2019 година во кино салите заработи фантастични 1,6 милијарди долари.

Во овој долгометражен цртан филм гласовите ги позајмија многу ѕвезди меѓу кои и пејачката Бијонсе.

Дизни не објавува други детали за продолжението на цртаниот филм „Кралот Лав“ а режисерот Џенкинс истакнал дека негов сон е да соработува со оваа компанија.