недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

„Оскарите“ првпат од 1961-ва година беа без црвен килим: Чија беше идејата и што значи оваа промена?

„Оскарите“ првпат од 1961-ва година беа без црвен килим: Чија беше идејата и што значи оваа промена?

Пред театарот „Долби“ во Холивуд, работниците што работеа на подготовките за годинешното доделување на „Оскарите“ поставија килим во боја на шампањ, кој досега беше традиционално црвен.

Водителот Џими Кимел, на шега им кажа на новинарите дека, според него, одлуката црвениот килим да се замени со килим во боја на шампањ покажува колку се сигурни дека нема да има крвопролевање.

-Одлуката за промена на бојата ја донеле креативните консултанти Лиза Лав, долгогодишна соработничка на списанието „Вог“ и Раул Авила, креативен директор на гламурозната „Мет гала“ во Њујорк, објавија американските медиуми.

Годинава килимот беше делумно покриен за да се заштитат ѕвездите и камерите од временските неприлики, но и пристигнувањата да се претворат во вечерен настан.

Црвениот килим на „Оскар“ датира од 1961 година, кога во Санта Моника се одржа 33-то доделување на „оскарите“. Пошироката јавност не го виде црвениот килим во полн сјај на телевизија сè до 1966 година, кога првпат доделувањето на „Оскарите“ беше емитувано во боја.