Оскаровката Вајола Дејвис ќе ја игра Мишел Обама во новата серија „Први дами“.
Серијата на ТВ-мрежата „Шоутајм“ ќе даде увид во приватниот и политички живот на американските први дами низ историјата. Првата сезона ќе се фокусира на Обама, Елинор Рузвелт и на Бети Форд.
Напишана од писателот Арон Кули, серијата ќе биде сместена повеќе во источното отколку во западното крило на Белата куќа, за да покаже колку многу важни одлуки биле донесени зад кулисите.
Во друг голем проект, Дејвис ќе ја глуми Ширли Чишолм во новиот биографски филм на „Амазон“ за првата жена и прва црномуреста жена која се кандидирала за претседател.