петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Ова се сериите кои секој мора да ги погледне

Ова се сериите кои секој мора да ги погледне

Порано чекавме една недела да гледаме нова епизода од нашата омилена серија на телевизија. Сезоната ќе траеше со месеци, а за таа една епизода зборувавме со денови. Со доаѓањето на нови серии, односно нови платформи за гледање, тоа едноставно веќе не е возможно. Со популаризацијата на Нетфликс, се гледаат комплетни серии за неколку дена. Ако не сте гледале ниту една од наведените серии, препорачуваме да го сторите тоа во истиот момент и да уживате во претстојните есенски денови во удобноста на вашиот дом.

Game of Thrones

Мала е веројатноста дека досега не сте ја гледале најпопуларната серија во историјата на светската кинематографија, но ако е така, сега е вистинското време. Заплетот на серијата е поставен на измислените континенти Вестерос и Есос и ги следи настаните на членовите на неколку благородни семејства во борбата за железниот трон и власта над седумте кралства, како и доаѓањето на зимата и мистичните суштества од север. „Игра на тронови“ доби одлични критики низ годините, стекна голем број обожаватели и освои бројни награди, а во септември 2016 година, оваа серија стана најнаградуваната серија во историјата.

Peaky Blinders

Дејствието на оваа култна крими-драма се одвива во сиромашното предградие Бирмингем кое изобилува со криминал во периодот после Првата светска војна. Фокусот е на семејството Шелби чии членови се припадници на бандата Peaky Blinders. Водството го има младиот и амбициозен   Томас Шелби, подготвен да направи се за да го зголеми своето царство. Тој е страв и трепет за целиот Бирмингем додека ја проширува својата работа низ Лондон, што дополнително ги комплицира работите и создава заплети и возбудливи ситуации.

Narcos

Што да се каже за оваа хит серија што ни доаѓа од Нетфликс? Заплетот го следи животот на славниот колумбиски нарко-бос, Пабло Ескобар, неговите конфликти со ДЕА, колумбиската полиција, но и борбата за превласт со другите нарко босови. Третата сезона го следи подемот и падот на картелот Кали, а во четвртата сезона настаните се селат во Мексико.

Breaking bad

Професор по хемија на еден локален колеџ во Ново Мексико, кој поради сиромаштија e принуден на дополнителна работа во автоперална, открива дека боледува од рак на белите дробови. Лекарите му даваат шест месеци живот. Што друго му преостанува на човекот што сака да обезбеди финансиски средства за својата сопруга и синот пред да умре, ако не да започне да готви кристал мет?

Vikings

Оваа серија е базирана на историски факти, а дејствието на секоја епизода се заснова на авантурите на Рагнар Лодброк, еден од најголемите херои на нордиската историја. Ова е сага за бестрашниот Рагнар и Викинзите, неговата желба да истражува и ограбува нови светови.

Веруваме дека повеќето од вас ги знаат овие серии, но не е на одмет да го обновите своето знаење. А зошто да не, и малку да заработите? Дали знаевте дека гореспоменатата серија Peaky Blinders постои во форма на видео слот во online казиното MOZZART?

Заврти веднаш, можеби токму твојата омилена серија ќе ти донесе среќа.