Веќе на прв поглед многумина девојки се „вљубија“ во ова парче облека, а кога ќе ја дознаете тајната која ја крие здолништето, набрзо и вам ќе ви стане омилено!
Кери Бредшо – вљубеник во модата и вистински фашиониста. Пример за многумина и омилениот лик од серијата „Сексот и градот“. Прва асоцијација кога ќе помислите на Кери и нејзиниот лик е бело здолништето од тул.
Познато е дека Кери Бредшо, инаку Сара Џесика Паркер која го толкува овој лик, трошеше вистинско богатство на облека од познатите дизајнери. Од кога е снимена серијата во јавноста е застапена приказната дека цената на здолништето од воведната шпица била доста висока, како и дека станува збор за креација на познатата Шанел, но…
Главната костимографка Патрисија Филд откри дека најпознатото модно парче кое Кери Бредшо го носела е всушност најевтиното кое некогаш се нашло во нејзиниот плакар! Имено, таа здолништето го купила на распродажба за само пет долари! Ако ви е полесно, кога станува збор за нашата валута околу 280 денари.
Патрисија го купила здолништето на една пазар, ја споила со топ маичка во нежно розова боја и црни сандали. Се останато е историја….
Здолништето од тул по оваа серија станало толку популарно што и Патрисија почнала да креира свои верзии. Иако не биле евтини како оригиналното здолниште, кое Кери го носеше, жените ширум светот постојано ги купуваат.