четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Овој турски филм за само неколку денови стана еден од најгледаните на „Нетфликс“

Овој турски филм за само неколку денови стана еден од најгледаните на „Нетфликс“

Турскиот филм „Љубовни тактики“ стана еден од најгледаните на Нетфликс, а веќе се споменува снимање и на продолжението.

Филмот е објавен во средина на февруари и неколку дена по премиерата станал еден од 10-те најгледани филмови во 60 земји.

Во главните улоги се Демет Оздемир и Шукру Озилдиз, а после големиот успех, од публиката почнале да пристигнуваат барања за снимање на второ продолжение.

За тоа се огласила и Демет.

„Сè уште не сакам да кажам ништо бидејќи сè уште нема потпис. Вестите на оваа тема ги видов и на социјалните мрежи. Да, таква намера има, но сè уште ништо не е финализирано. Не сакам никого да ставам во тешка ситуација со давање изјава“, истакна тогаш 30-годишната актерка.

Во филмот станува збор за успешна блогерка, модна дизајнерка и експерт за маркетинг, која не верува во љубов и се обложува дека ќе го натера другиот да се заљуби користејќи необични методи.