Светски познатата стрим-платформа „Нетфликс“ објави пад на растот на претплатници, што доведе до намалување на вредноста на акциите на компанијата за 11 отсто. Околу 3,98 милиони луѓе се регистрирале на Нетфликс меѓу јануари и март годинава, многу помалку од предвидените шест милиони.
Според компанијата, недостатокот на нови програми можеби придонела за падот.
Таа лани, откако пандемијата на коронавирусот ги принуди луѓето ширум цел свет да останат дома, имаше 15,8 милиони нови претплатници. Голем дел од нив беа во Азија, каде што „Нетфликс“ 2020 година додаде 9,3 милиони нови претплатници, што е зголемување за 65 насто во однос на претходната година.
„Нетфликс“, исто така, се соочува со зголемена конкуренција од новите стрим-услуги кои се најдоа на пазарот. „Дизни плус“, на пр., веќе има 100 милиони претплатници ширум светот.