Малата Софи Фату со својот глас, но и избор на песни го воодушеви како жирито така и публиката во популарното шоу „Америка има талент“.
Откако на првиот настап го освои жирито со својата изведба на песната „My way“ од Френк Синатра и доби четири гласа, се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.
Токму таму, на вториот настап, повторно ги остави без зборови. Овој пат не само публиката и жирито, туку и целиот свет.
Нејзиниот, како што пет годишната Софи вели, омилен судија Сајмон, ја праша што би правела доколку ја освои главната парична награда. Таа одговори дека не и е гајле за парите, туку само сака да пее и да ги прави луѓето среќни. Ваквиот нејзин одговор доби огромен аплауз. Следниот беше по нејзината изведба на песната „Њујорк, Њујорк“.
Настапите на преслатката Софи може да ги погледнете во продолжение.