недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Пирс Броснан како суперхерој, еве каква ќе биде неговата улога

Пирс Броснан како суперхерој, еве каква ќе биде неговата улога

Пирс Броснан ја има својата прва улога како суперхерој. Имено, глумецот ќе ја толкува улогата на д-р Фејт (Судбина) во „Црниот Адам“ на продукциските куќи „ДЦ“ и „Њу лајн“ – филм со Двејн Џонсон во насловната улога.

Д-р Фејт, со алтер-его Кент Нелсон, е основач на „Друштвото на праведните“ кој добива супермоќи преку „волшебниот шлем на судбината“. Другите улоги ќе ги глумат: Алдис Хоџ (како Хокман), Ноа Сентинео (Атом Смашер), Квинтеса Свиндел (Сајклон) и други.

„Црниот Адам“ е приказна за истоимениот антихерој, кој ќе го глуми Џонсон. Ликот првпат се појави во стриповите на ДЦ во 1940-тите, како негативец заведен од својата моќ од третото илјадалетие.

Филмот е во режија на Жом Колет-Сера. Рори Хајнс и Сохраб Ноширвани го напишаа последниот нацрт на сценариото, а Адам Штикиел го напиша првичното сценарио.

Пирс Броснан лани глумеше во комедијата „Евровизија“ на Вил Ферел.