петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

По 13 години, Даниел Крег се прости од Џејмс Бонд

По 13 години, Даниел Крег се прости од Џејмс Бонд

Актерот Даниел Крег потврдил дека улогата во филмот „No Time To Die“ е последниот кој ќе го сними за славниот агент 007 Џејмс Бонд.

Тој порачал дека е среќен што го потпишал последниот договор за оваа франшиза.

– Некој друг треба да го продолжи овој проект. Тоа беше напорна работа и имавме неверојатна соработка. Она што најмногу ме мотивираше е тоа што со некои луѓе работев на филмови 30 години – рекол Крег. Тој го смета овој договор за последен поздрав до колегите со кои поминал толку многу години.

Крег, наводно, ќе добие 25 милиони долари за улогата. Досега тој глуми во „Казино Ројал“, „Скајфол“, „Спектра“, како и „Quantum of Solace“.

Порано зборувал дека повеќе би сакал да си го пресече вратот отколку во новиот филм на оваа франшиза, но решил да потпише уште еднаш, пренесува Кlix.ba. Откако се појави во филмот за Џејмс Бонд стана исклучително популарен. Тој во интервјуата рекол дека му биле потребни 20 години за да се навикне на животот на славна личност.