По хит филмот „Тома“ кој предизвика бура од еморции и реакции кај гледачите од регионот, доаѓа и истоимената серија посветена на легендарната музичка ѕвезда Тома Здавковиќ.
Зоран Лисинац, еден од режисерите и сценаристи, вели дека таа ќе биде поразлична од филмот.
-Серијата има осум епизоди и потемелно го следи неговиот живот и ги опфаќа сите негови жени. Во серијата ќе има 400 минути материја, вели Лисинац за српските медиуми.
Серијата ќе почне да се прикажува оваа есен.
Биографскиот филм за фолк легендата Тома Здравковиќ, со Милан Мариќ во насловната улога, оствари голем успех во целиот регион. Во режија на Лисинац и Драган Бјелогрлиќ, „Тома“ го прикажува Здравковиќ на почетоците и на врвот на славата, но и како го допрел дното во приватниот живот.