четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

По у*иството – сепса: Работник на филмскиот сет каснат од отровен пајак, може да ја загуби раката

По у*иството – сепса: Работник на филмскиот сет каснат од отровен пајак, може да ја загуби раката

По трагедијата на снимањето на филмот „Rust“ кога актерот Алек Болдвин ја усмрти директорката на фотографија Халина Хачинс, уште еден работник доживеа незгода.

Имено, Џејсон Милер бил каснат од отровен пајак, поради што може да ја загуби раката. Тоа се случило додека работникот им помагал на другите во затворање на сетот по страшната трагедија која на 22 октомври го погоди филмскиот свет.

Странските медиуми пишуваат дека Милер неколку дена по гризнувањето доживеал некроза и добил сепса.

Поради тоа завршил во болница каде му биле извршени неколку операции,  според пишувањето на медиумите, докторите се обидуваат да му ја спасат раката и да ја запрат инфекцијата. Во спротивно ќе мораат да му ја ампутираат раката.