понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Потресно сведоштво на учесничка во „Задруга“: Татко ми ја силуваше и претепуваше мојата мајка пред мене

Потресно сведоштво на учесничка во „Задруга“: Татко ми ја силуваше и претепуваше мојата мајка пред мене

Учесничката во „Задруга“, Александра Николиќ, вчера сподели вознемирувачко сведоштво за тоа во какво семејство растела.

Нејзиниот татко ја силувал и тепал нејзината мајка додека таа била присутна, па во една прилика сакала да го убие.

-Изгледа дека носам клетва низ животот од тоа. Последиците остануваат. Знаете колку пати видов сцена кога татко ми ја силуваше мајка ми? Ја тепаше и ја силуваше пред мене. Тој и ја скршил вилицата, ја претепуваше. Не го пријавила, се плашела. Што е пострашно, мислам дека сепак го сака. Никогаш нема да го заборавам тоа. Еднаш се залетав да го убијам со ножици, не знам зошто зборувам за ова. Сите сме луди тука, поради семејствата. Не е изговор, но дека немаме здрави семејства, рече Александра.