вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Повеќе од 50 филмови на 21. Скопје филм фестивал

Повеќе од 50 филмови на 21. Скопје филм фестивал

Повеќе од 50 филмови, работилници, гостувања на нови европски филмски имиња, како и филмска ретроспектива на Алфред Хичкок, ќе понуди 21. Скопје филм фестивал.

Ќе биде отворен на 19 април во „Милениум“ со премиера на играниот филм „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски.

До 26 април публиката на СФФ  на три локации („Милениум“, „Фросина“ и Кинотека) ќе гледа филмови распоредени во седум програми: Програма на авторски филм; Панорама на светски филм; Македонска продукција; Фокус на француски филм; Програма на европски филм; Ретроспектива на Хичкок, а од оваа година ќе има и нова програма – Квир фокус.

Во програмата Македонска продукција фестивалот ќе прикаже осум  филмови, а во Ретроспектива на Хичкок се пет негови филма.

Во рамки на фестивалот ќе се одржи работилница и промоција, како и разговори со гостите од странство.

Автор на плакатот за годинашното издание на фестивалот е младиот македонски дизајнер Ѓорѓи Десподов.

МИА