петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Повторно одложена премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд, ова е новиот датум

Повторно одложена премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд, ова е новиот датум

Премиерата за новото продолжение на филмот за познатиот агент Џејсм Бонд „Нема време за умирање“, ќе биде одложена за април идната година, најавија продуцентите на Твитер.

Се очекува филмот во кој Даниел Крег ја игра улогата на агентот 007, во киносалите да се најде на 2 април 2021 година, една година подоцна од првопланираното.

Премиерата на филмот беше одложена уште во март кога пандемијата со коронавирусот почна да се шири во светот. Потоа беше планирано премиерата да се одржи во Велика Британија на 12 ноември и во САД една недела подоцна.

Одлуката за новото одложѓување на премиерата, како што пишуваат странските медиуми, не е изненадување особено ако се земе во предвид фактот дека бројот на новозаболени повторно расте во САД, но и во Европа, пренесува Танјуг.

-Сфаќаме дека сите оние кои го сакаат Бонд ќе бидат разочарани, но со нетрпение очекуваме заедно следната година да го гледаме 25 продолжение за Џејмс Бонд, истакнале продуцентите.