Водителот на утринската програма „Добро утро, Британијо“, Пирс Морган е можеби најголемиот критичар на Меган Маркл и принцот Хари.
По интервјуто на Меган и Хари кај Опра Винфри, тој често дава изјави во медиумите со кои има негативни коментари за кралското семејство, а тоа им дава материјал на критичарите.
Водителот повторно ги коментираше случувањата во кралското семејство, посебно Меган и Хари.
Тој ги нарече Меган и Хари „разгалени дечишта што го злоупотребуваат своето семејство“.
Инаку, водителот истакна дека не верува на обвинувањата на Меган и Хари од расизам во кралското семејство до тајната венчавка.
Исто така по интервјуто ја спореди Меган со Пинокио и истакна дека треба да се срами што толку лаже.