среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Преекспонирано ја продолжува својата македонска турнеја

Преекспонирано ја продолжува својата македонска турнеја

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ја продолжува својата македонска турнеја, а вечерва ќе ја има својата премиера во 3D Кино Битола, после што ќе се најде на редовниот репертоар.

Филмот утре (4 мај) ќе се прикаже и во киното „Мис Стон“ во Прилеп.

Преекспонирано изминатата недела ја имаше својата успешна премиера во преполното кино „Фросина“, а од 27 април е на редовен репертоар во Синеплекс и Милениум во Скопје, Киноверзум во Велес и Свети Николе. На 29.04. филмот ја имаш и својата премиера во реновираната сала на НУЦК „Бели мугри“, Кочани, а од вчера се прикажува и во скопската Кинотека. Филмот наскоро ќе се најде во сите кина во земјава.

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември, минатата година. Азиската премиера, пак, се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија од 2 до 9 февруари оваа година.

„Преекспонирано“ вчера се прикажа и на новиот филмски фестивал Еуразја во Варшава, Полска, а ќе се натпреварува и на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Сицилија.

Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов Кинематографер: Лев Предан Коварски, музика: Линдзи Рајт, сценографија Срѓан Митровиќ, сценарио: Елеонора Венинова, монтажер: Гоце Кралевски, костими: Жаклина Крстевска, монтажер за звук: Дарко Спасовски, режија Елеонора Венинова, продуцент Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). Филмот е поддржан од Агенција за Филм, Српски Филмски Центар и Еуримаж.